Пилешко со печурки во сос од павлака! Брзо и вкусно!

popara13 јули, 20221min00
415732_piletina-sa-pecurkama_f

Лесен и сочен оброк, ручек или вечера. Послужете додека е уште топло со вашата омилена салата и уживајте!

Состојки:

парче пилешко бело месо

400 гр шампињони

главица кромид

чаша кисела павлака

сол

бибер

оригано

ловоров лист

сечкан магдонос

масло за пржење

Подготовка:

Кромидот исечкајте го на кришки, пилешкото бело месо на коцки, па заедно пропржете на масло додека месото не побели. За тоа време, шампињоните исечкајте ги на ленти, додадете ги на месото, измешајте и поклопете ја тавата, па на тивок оган динстајте во сопствениот сок. Кога целата вода од садот ќе испари, додадете сол, бибер и други зачини, измешајте и потоа додадете ја павлаката. Промешајте уште еднаш да се соедини добро со месото и печурките и ручекот е готов.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma