Пипа и Кејт Мидлтон се облекоа скоро идентично – сестрата на Кејт ѝ дава симболична поддршка по документарецот на Меган и Хари?

popara17 декември, 20221min00
o_27337277_1280

Доколку во Велика Британија се спроведе анкета која боја и прилега на Кетрин, принцезата од Велс, многумина сигурно би гласале за бојата на виното. Затоа никoj не беше изненаден што Кејт избра капут во таа боја на празничен настан, концерт со божиќни песни во Вестминстерската опатија. Пристигна целото семејство, принцот Вилијам, нивните постари деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот и секако, идната британска кралица.

image

Остави впечаток дека е многу расположена, како со насмевка да сака да каже дека прикажувањето на вториот дел од документарната серија на Нетфликс, Хари и Меган, не ја оптоварува. Кога влегле и седнале во опатијата, на церемонијата ја придружувала нејзината сестра Пипа, која заедно со нејзиниот сопруг Џејмс Метјус биле меѓу најважните гости на настанот. Таа се појави во капут со идентична боја и крој на оној што го избра нејзината сестра.

image

Оној на Пипа е со двојни копчиња, речиси идентичен по должина, дизајниран од британската дизајнерка Карен Милен, а чини 409 фунти. Дури тогаш беше забележано дека малата принцеза Шарлот, која секој ден се повеќе наликува на нејзината мајка (и покојната кралица Елизабета), носи темноцрвен капут, со јака од плиш. Во Вестминстерската опатија се појави и Зара Тиндал, исто така во темноцрвен капут.

image

Тоа беше модна демонстрација на несомнена поддршка за принцезата од Велс: најважен, се разбира, е гестот на нејзината сестра. Не е првпат Пипа да и оддаде почит на својата постара сестра избирајќи облека. Откако го носеше својот превез на свадбата на принцот Вилијам во 2011 година, Пипа се грижи за својата сестра (иако е помладата) и секогаш ја чува. Модната порака испратена до сонародниците значи дека жените од кралското семејство и семејството Мидлтон безрезервно ја поддржуваат Кејт. Не им е гајле за документарецот, што и да кажат Меган и Хари. Дефинитивно нема да дозволат побегнатата двојка и Нетфликс да им го уништат Божиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma