Се чини дека три е магичната бројка во семејството Мидлтон. Сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, Пипа, го чека своето трето дете.
Кејт Мидлтон е мајка на принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (7) и принцот Луис (4). Нејзината помлада сестра Пипа има две деца – момче, кое е родено во 2018 година и девојче, родено во 2021 година, а сега е објавено дека го чека третото дете.
За оваа добра вест првпат се шпекулираше по појавувањето на Пипa на прославата на платинестиот јубилеј, на кој се слави 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора.
Пипа на јубилејот присуствуваше во зелен фустан со долги ракави со труднички стомак одоздола. Некои медиуми објавија дека веста за третата бременост на сестрата на војвотката од Кембриџ била потврдена од повеќе извори. Сепак, веста не е официјално потврдена.
Пипа и нејзиниот сопруг Џејмс Метјус веќе имаат син по име Артур, кој се роди во октомври 2018 година. Во меѓувреме, двојката имаше и девојче Грејс, во март 2021 година. Пипа и Џејмс се во брак од 2017 година, а според „Us Weekly “, за прв пат се сретнаа во 2007 година во луксузниот хотел Eden Rock.
Сепак, немаше вести за нивната врска до неколку години подоцна, во 2012 година, кога двајцата беа забележани заедно на вечера.
Кога Пипа беше бремена со Грејс, нејзината мајка Керол ја потврди веста во интервју за „Good Housekeeping“.
„Се надевам дека имаме повеќе членови на семејството отколку што имавме минатата година, вклучувајќи го, се разбира, мојот нов внук“, изјавија тогаш мајката на Пипа и Кејт Мидлтон.