Додека снимале заводлива сцена, Хали Бери се загрцнала со смоква, а колегата Пирс Броснан и помогнал да не се загуши
На актерката Хали Бери во неколку наврати и беа доделени улоги на силни, акциони жени, таканаречени суперхероини, но се испостави дека една сцена во која глумела заводничка можела скапо да ја чини.
Како што откри во шоуто на Џими Фалон, Хали снимила сцена со колегата Пирс Броснан каде јадела смоква, обидувајќи се да го заведе, но тоа се завршило неславно:
-Требаше да бидам секси и да се обидам да го заведам додека јадам смоква, а на крајот се задавив од неа. Мораше да стане и да изведе Хајмлихов зафат. Нималку секси, нималку – изјави Хали.
Два месеци подоцна, Броснан се појави во истата емисија, но не сакаше многу да зборува за случајот:
– Се сеќавам како низ магла. Видов некои извештаи во весниците. Да, бевме на снимање. Не сум сигурен што направив. Можеби го применив Хајмлиховиот зафат, не се сеќавам, мислам дека ја тапкав по грбот – беше скромен актерот.