Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски веќе не ја кријат нивната љубов: Поранешното момче на Ким Кардашијан и манекенката сликани заедно

popara1 декември, 20221min00
pete-davidson-emily-i-ratajkowski-pit-dejvidson-i-emili-ratajkovski-0740574362-830x0

Комичарот Пит Дејвидсон и манекенката Емили Ратајковски беа видени заедно на кошаркарски натпревар, со што нивната љубовна врска беше официјализирана пред јавноста.

На натпреварот им се придружија нивните пријатели Бен Стилер и Џордин Спаркс.

Гласините за врската на комичарот и манекенката почнаа да се шират на почетокот на овој месец, откако еден корисник на Твитер напиша дека ги видел на романтична вечера во Њујорк.

После тоа, тие се фотографирани во ходникот на зградата во Њујорк, каде што таа живее. Извор неодамна изјави за US Weekly дека тие двајца се во врска веќе неколку месеци.

Инаку, Пит неодамна раскина со Ким, по раскинувањето побара помош од психијатар, а нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест во неколку наврати вербално го нападна.

Емили се разведе од сопругот Себастијан, откако тој ја изневерил. Тие беа во брак четири години и пред да се разведат го добија синот Силвестер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma