Пица или пита, вие бирате: Крцкаво и вкусно тесто со фил!

popara4 октомври, 20221min00
pita

Ова е идеален рецепт за појадок, особено што се подготвува брзо и не бара многу труд.

За филот можете да користите што сакате, но најчесто се користи фил за пица.

Состојки:

потенки кори
200 гр меко сирење
3 јајца
100 мл јогурт
1/2 прашок за пециво
100-150 гр шунка
кечап
оригано
масло
малку сирење

Подготовка:

Скршете го сирењето во сад, додадете јајца, 30 мл масло, прашок за пециво и јогурт. Добро изедначете сè. Намачкајте ја кората со 2-3 лажици фил. На дното наредете листови шунка, покријте ги со кечап и посипете со оригано. Расукајте ја кората во тенок ролат, па свиткајте ја во круг и ставете ја на намрсен или обложен плех. Се така дододека не се потроши се, или колку што ви треба. Остатокот од филот премачкајте го врз пица-питата, посипете со рендано сирење и сусам. Се пече на 200 степени околу 30-40 минути. Послужете топло.