Сите сакаме пица, а ако сте љубител на сирење, тогаш оваа со три вида е идеална за вас
Состојки:
база за пица
200 гр замрзнат спанаќ
лажица путер
чешне лук
две лажици кисела павлака
100 гр пармезан
60 гр рендана моцарела
две лажици раскршена фета
две лажици песто
Подготовка:
На растопен путер пропржете ги ситно сечканиот спанаќ и лукот.
Додадете павлака, пармезан и сол, намалете ја температурата и динстајте околу пет минути.
Смесата од спанаќ распоредете ја врз основата за пица, па посипете со моцарела и фета сирење.
Сипете го пестото и печете во загреана рерна на 175 степени околу 15 минути. Послужете топло.
Пријатно јадење!