1. Не заборавајте за можноста за дожд
Иако сите се надеваат дека нивната летна свадба ќе биде „искапена“ во сонце, дожд паѓа и во лето и невозможно е да се предвиди со месеци однапред. Затоа, секогаш бидете подготвени за можноста да врне дожд на вашиот голем ден.
2. Обезбедете им на гостите спрејови против бубачки
Ако планирате летна свадба на отворено, комарците и другите летечки суштества може да направат гостите да се чуствуваат непријатно. Затоа, погрижете се тие да бидат пречекани со спрејови, за да спречите комарците да ја уништат добрата забава.
3. Внимателно изберете ја вашата венчаница
Доколку планирате летна свадба, голема е можноста да избирате венчаница за време на постудениот дел од годината. Имајте на ум дека температурите на денот на вашата свадба нема да бидат ни приближно исти како денот кога сте го одбрале фустанот. Затоа, размислете сериозно за тежината на фустанот што ќе го носите, а доколку не сакате да се откажете од фустанот од соништата без разлика на температурите, размислете за друг, полесен фустан за пресоблекување во текот на вечерта.
4. Изберете ја вашата фризура многу внимателно
Повеќето фризури имаат тенденција да не прилегаат добро за време на топлото и влажно време. Затоа постојат професионалци кои на најдобар можен начин ќе ја обликуваат вашата коса, за фризурата да ги опстои сите летни услови. Иако, можеби имате одредени идеи, слушнете што вашиот стилист има да каже за нив, бидејќи најдобро ќе знае дали се работи за фризура, која може да трае доволно долго на топлото летно време.
5. Бидете паметни и со шминката
Ангажирајте професионалец и за шминкање. Повеќето невести го прават тоа, а особено е важно во лето, бидејќи сигурно не сакате да ви капе пудра и кармин од лицето на жештината. Професионалците ќе знаат како да го нашминкаат вашето лице, за да може вашата шминка да преживее температури од над 30 степени целзиусови. Покрај тоа, тие ќе ви го дадат најдобриот совет како и со што да ја поправите таа шминка, доколку е потребно.