ПЛАСТИЧЕН ХИРУРГ ГИ РАЗОТКРИ ЏОНИ И АМБЕР: Спореди нивни слики па откри кој што „поправал“на лицето (ФОТО)

popara15 мај, 20221min00
Screenshot_19

Со споредување на фотографиите, пластичен хирург провери дали Џони Деп и Амбер Херд направиле пластична операција.

 

Очите на целиот свет се вперени кон некогаш заљубените гулаби Џони Деп и Амбер Херд кои моментално водат жестока битка на суд за да докажат кој кого злоставувал во нивниот турбулентен брак.

 

Бидејќи се работи за две големи ѕвезди чии имиња се познати насекаде низ планетата, не е чудно што привлекоа голем интерес во јавноста.

 

Ниту една недела пауза на „судењето на годината“ не го намали интересот за овие две ѕвезди. Вниманието на многу корисници на TikTok го привлече пластичниот хирург Ентони Јун, чиј профил го следат речиси осум милиони луѓе.

 

Во новите објави, д-р Јун се концентрираше на Амбер и Џони за да се обиде да провери дали тие биле подложени на пластична операција.

 

Снимката која има вкупно 11 милиони прегледи (Амбер два милиони и Џони скоро девет милиони) е објавена минатата недела, на која тој ги анализирал нивните фотографии и открил на што мисли дека работеле. Тој, сепак, додаде дека станува збор само за неговите претпоставки и нагласи дека тој не е нивни лекар.

 

Кога ја спореди фотографијата на Џони од 1996 година, тој спомна гласина дека актерот бил на трансплантација на коса и можен филер во образите.

 

„Ако навистина пресадил коса, тоа не е многу очигледно, тој бил скромен. Можеби вбризгувал филери во образите. Можеби носот му е малку пократок, но не сум сигурен дека го допрел. Не гледам ништо повеќе, па можам да заклучам дека изгледот на Џони Дип е сосема реален“, изјави д-р Јун.

 

Во случајот на Амбер, тој ги споредил фотографиите од 2005 година и 2020 година. Заклучил дека нејзиниот нос изгледа поинаку, па веројатно направила ринопластика, дека горната усна ѝ била потенка на првата фотографија, па мисли дека ставила филери и на усните како импланти во образите и брадата.

 

Во галеријата погледнете ги фотографиите на Џони Деп и Амбер Херд од судењето на годината:

 

Screenshot_20
Screenshot_21
Screenshot_22
Screenshot_23
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma