Колку пати сте ги исчистиле темелно плочките, а по половина час изгледаат како да не сте ги ни допреле?
Вашите маки завршија, барем така тврдат двете американски сестри кои објавуваат трикови за чистење на куќи на Тик Ток.
Тие предлагаат да направите ефективно средство за чистење дома.
И двете нагласуваат дека најважниот чекор кој многумина го прескокнуваат е топлата вода.
– Ако водата не е топла, тогаш не ги правите работите како што треба, бидејќи буквално собира прашина и дезинфицира – тврдат сестрите.
Во зовриената вода додадете половина шолја детергент за алишта, шолја оцет и малку сода бикарбона и ќе добиете средство после кое вашите плочки ќе блеснат.
Погледнете го видеото:
@theggsistersofficial The ultimate tile cleaning potion!#cleantok #cleaningtiktok #cleaningday #cleaninghacks #hack #cleaningrecipe