„Научив лекција, која речиси скапо ја платив“, изјави деновиве Силвестер Сталоне за брачната криза која за малку ќе го чинеше развод од Џенифер Флавин. Имено, како гром од ведро небо одекна веста дека на 19 август Флавин поднела барање за развод од ѕвездата на Роки, со која беше во брак 25 години. Двојката има три ќерки, 26-годишната Софи, 24-годишната Систин и 20-годишната Скарлет, а Сталоне од претходниот брак има 43-годишен син Сеаргео.
„Требаше повторно да сфатам што е повредно од се, а тоа е мојата љубов кон моето семејство. Таа мора да има приоритет над мојата работа и тоа беше лекција што ја научив на потешкиот начин“, изјави актерот за The Sunday Times, додавајќи дека сега жали што во некои случаи наместо на децата се фокусирал на кариерата.
“Бев толку ориентиран кон кариерата што не обрнував доволно внимание кога тие растеа. Сега веќе немам многу пред мене и сакам да знам што е можно повеќе за нивните животи. Прашувам како го поминаа денот, не се многу зборливи, но една од ќерките пред некој ден ми рече: „Туку што мислев на тебе“. Господе Боже. Тоа никогаш порано не сум го чул. Кога ќерка та знае и чувствува дека се грижиш, таа е таму засекогаш“, рече тој.
Минатиот месец беше објавено дека филмската ѕвезда и неговата 25 години помлада сопруга решиле да се сретнат дома, каде што разговарале. Тие успеаја да ги решат своите несогласувања, поради што се исклучително среќни, изјави неговиот портпарол.
Така, работата на Силвестер Сталоне за малку ќе го чинеше брак, како што им се случи на Жизел Бундхен и Том Брејди, кој одби да се откаже од спортот и кариерата и покрај тоа што оваа одлука му го уништи бракот.