Сезоната на сончање е во полн ек, па затоа треба да размислуваме за здравјето на кожата повеќе отколку во другите делови од годината
Колку крема за сончање треба да користиме? Кока е најдобро време да се нанесе? Има безброј прашања за нанесување на кремата за сончање.
Правила за користење на крема за сончање
За почеток кое е вистинското ниво на заштитен фактор што треба да го користиме?
– Факторот на заштита треба да биде над 15, идеално 30, а во случај да поминувате долго време надвор, користете фактор 50. Погрижете се кремот за сончање да штити и од УВА и од УВБ зраци – вели д-р Денди Енгелман, дерматолог.
Д-р Денди истакнува дека речиси никој не користи крема за сончање колку што треба:
– Треба да користите приближно два милиграма крема за сончање на квадратен сантиметар кожа. Ова е околу две супени лажици. Ако користите спреј, нанесувајте додека не се појави изедначен сјај на кожата.
Кремот за сончање треба повторно да се нанесува на секои два часа, или почесто после пливање, обилно потење или бришење со пешкири.
Нанесување заштитен фактор пред да излезете?
Како по правило, кремот треба да се нанесе 30 минути пред да излезете надвор за да овозможите состојките целосно да се врзат за кожата. Втријте ја кремата додека производот целосно не се вклопи во вашата кожа.
Скалпот и сончањето?
– Косата донекаде помага да се заштити скалпот од сончевите зраци. Сепак, потребна ви е поголема заштита, особено ако вашата коса е тенка. Дополнителни мерки на претпазливост се носење капа и нанесување крема за сончање и на ова место – истакнува докторот.