
Пејачката Кети Пери ја откри најлошата навика на нејзиниот вереник Орландо Блум!
Еден од најсексапилните актери на светот, сепак, има навика која нема да им се допадне на многу жени – дури ни на неговата.
Кејти најпрвин ја пофали хигиената на забите на својот миленик, а потоа откри на што и замерува.
– Сака да си ги мие забите со конец, што е одлично, бидејќи некои не го прават тоа и тоа е одвратно – ја започна приказната Кејти (37) во емисијата на Џејми Тикстон и Аманда Холден.

– Има убави заби, но ја остава нишката насекаде!
Кети Пери откри дека Блум (45) ја остава нишката „на нејзината страна од креветот, во автомобилот, на масата во кујната“, и покрај тоа што „имаат канти насекаде“.
Кога Аманда Холден ја замолила да го „тренира“ Блум да се однесува подобро, Кејти на шега рекла: – Да, добро, дадов се од себе.

И покрај неговата лоша навика, Кети ги кажа најубавите зборови за таткото на нивната ќерка Дејзи Дејв и му испрати емотивна роденденска честитка:
– Среќен 45-ти роденден на најљубезниот, полн со душа, најсексипилниот и најсилниот маж што го познавам… Ти благодарам што си мој компас, сидро и носиш радост во секоја соба во која влегуваш. Ти си љубовта и светлината на мојот живот. Им благодарам на моите среќни ѕвезди за тебе и нашата сакана Д.Д.
