Изборот на вино може да открие многу за вас
Понекогаш би се изненадиле како вашите мали секојдневни навики можат да кажат нешто за вас.
Таква е ситуацијата со омилениот пијалок на многумина.
Една студија на компанијата Коравин ги испита винските преференции на околу 2.000 испитаници. Резултатите покажале дека луѓето кои претпочитаат или бело или црвено вино значително се разликуваат по карактер.
Љубителите на црвено вино се интровертни
Сепак, иако резултатите од истражувањето покажале дека љубителите на црвеното вино се интроверти, тие во никој случај не се мирни, туку се родени авантуристи, а исто така сакаат да потрошат некој денар повеќе за уживање.
Исто така, тие претпочитаат да пијат вино во своите 4 ѕида.
Љубителите на бело вино се екстровертни
Ако припаѓате на оние кои повеќе би сакале да испијат чаша бело вино отколку црвено, тоа покажува дека сте екстроверт.
Сакате дружење, излегување, често сте ноќна птица, сакате да имате причина за славење.
Не сте толку пребирливи, ќе пиете и вино со послаб квалитет, но од друга страна често сте перфекционисти и љубопитни.