
Ниту холивудските ѕвезди не можеа да одолеат на овој модел, па Хејли Бибер, Дуа Липа, Џиџи и Бела Хадид не се разделуваат од омилените парчиња.
Моделите на фармерки кои ќе бидат апсолутен хит во текот на претстојната есен се вистинско освежување кога станува збор за ова безвременско парче облека. Според модните експерти, ќе доминираат широките тексас панталони.
Новите модни трендови јасно ставија до знаење дека деновите на skinny, тесни фармерки завршија, барем привремено. На нивно место дојдоа многу поудобни кроеви, кои станаа особено популарни во текот на оваа година.
Широките фармерки брзо ја зазедоа уличната мода, а моделите со пократки ногавици беа прикажани како многу тренди изглед. Ниту холивудските ѕвезди не можеа да одолеат на овој модел, па Хејли Бибер, Дуа Липа, Џиџи и Бела Хадид не се разделуваат од омилените парчиња, кои одлично се вклопуваат во нивните стилови со потпис.

Овој модел на фармерки може добро да ви послужи како основа за креативен дневен стајлинг, но со добар пар потпетици и поелегантна блуза или светол горен дел ќе ве направи ѕвезда на вечерта каде и да се појавите.