Погледнете ја КОЖАТА, таа ги крие симптомите на најчестата БОЛЕСТ на денешницата: Дознајте како изгледаат и каде се појавуваат

popara3 јуни, 20221min00
Screenshot_2

Спречете ја болеста пред да се искомплицира

 

Секој знае дека дијабетесот тип 2 е хронична болест која зафаќа огромен процент од светската популација и за која нема лек. Со помош на лекови или инсулински инјекции, болеста може да се држи под контрола.

 

Оваа болест е поврзана со зголемен ризик од развој на васкуларни компликации и најчесто се јавува подоцна во животот, поради што е популарно позната како „сенилен шеќер“ бидејќи тогаш телото престанува да реагира на инсулинот кој го контролира нивото на гликоза во крвта.

 

Д-р Ефтимија Кара, познат ендокринолог во болницата Принц Грејс, објасни дека помалите израстоци на кожата може да укажуваат на почетната фаза на оваа болест.

 

Според добротворната организација „Diabetes UK“, тие се удвоиле во последните 15 години.

 

Иако оваа состојба често се нарекува бенигна, се покажа дека го зголемува ризикот од многу васкуларни компликации, како што е срцев удар. Денес, има сѐ поголем број докази кои сугерираат дека оваа состојба може да се контролира, а во некои случаи дури и да се „излечи“.

 

Дијагнозата е многу важна за превенција на дијабетес тип 2 и други сродни болести на жлездите. Помалите израстоци на површината на кожата, односно папиломите, може да укажуваат на појава на отпорност на инсулин, вели д-р Кара.

 

Отпорноста на инсулин, исто така наречена преддијабетес, е нарушување кое се карактеризира со покачени концентрации на гликоза и инсулин, хормон на панкреасот кој дозволува шеќерот да влезе во клетките и да ги храни.

 

Познати студии покажаа дека папиломите се развиваат како резултат на хиперинсулинемија, кога нивото на инсулин во крвта е ненормално високо. Докторката објасни:

 

– Дамките од кожата се меки, бенигни, месести и со испакнатини на стеблото. Најчесто се мали и го зафаќаат вратот и ушите, но можат да се појават и во аналниот регион и во препоните – вели таа.

 

Утврдено е и дека дури 60 отсто од болните кои се постари од 69 години ги имаат овие израстоци.

 

– Тие се поврзани со отпорност на инсулин и хиперинсулинемија. Други болести кои имаат слични промени на кожата како симптом се акромегалија, состојба поврзана со вишок на хормон за раст, Кронова болест, дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол – објасни на крајот докторката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma