Четките за коса се вашиот највреден сојузник кога е во прашање уредувањето на косата, но нивната неправилна употреба, односно погрешниот избор, може многу лошо да влијае на изгледот и квалитетот на вашата коса.
Изборот на четка треба да биде условен од типот на вашата коса и нејзината состојба.
За тенка коса
Пластичните четки со широко распоредени запци кои лесно минуваат низ влакната се најдобриот избор за луѓе со тенка коса. За да се спречи вадење на влакната, пожелно е да се изберат модели со силиконски топчиња на краевите на забите. Ваквите четки се најдобри и за фенирање, без разлика на типот на косата.
За густа коса
Силната и густа коса може да издржи заплеткувања и ненадејни движења со четка, а моделите со природни влакна најдобро ќе ја отплеткуваат и исправат. Не се препорачуваат синтетички четки.
За сува и оштетена коса
Ако вашата коса е оштетена поради многубројните чести третмани или е природно посува, најдобро би било да користите густа четка со мешавина од природни и синтетички влакна. Синтетичките влакна ќе ги расплетуваат долните слоеви, додека природните влакна ќе ја измазнуваат површината на косата.
За кадрици
За луѓето со убава, бујна кадрава коса, најдобри се четките со широки заби, како и за луѓе со тенка коса. Доколку сакате убаво да ја исчешлате косата, без ризик да ја вадите, најдобро би било да користите голема количина регенератор додека ја миете косата.
За секојдневна употреба
За секојдневна употреба, најдобро е да користите четки со гумени заби, кои се погодни за сите типови коса.