ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЕСЕНСКИОТ МОДЕН ХИТ – КОЖНИ ПАНТАЛОНИ!

popara30 август, 20221min00
603470_pexels-rosivan-morais-10265031_f

Кожата никогаш не излегува од мода, а оваа есен покрај кожените здолништа, сакоата и секако јакните, во тренд ќе бидат и панталоните

Стојат еднакво добро и на високите и на ниските девојки, може да се носат со се што ќе посакате. Ваше е само да ја изберете бојата и да ги усогласите со остатокот од вашата гардероба.

За да не направите грешка, еве неколку совети:

Со кожните панталони секогаш облекувајте се слоевито. Носете маица, јакна, шал. Светските стилисти предлагаат црните панталони да ги комбинирате со црна, бела или сива облека. Црно сако, бела кошула или џемпер и интересен накит се доволни за да заблескате и да покажете дека сте жена со стил.

Кога ги носите, потпетиците се речиси задолжителни. Дамите кои немаат идеална фигура не мора ни да размислуваат за тоа, едноставно мора да облечат високи потпетици со кожени панталони.

Избегнувајте премногу светкав накит и други додатоци. Овие панталони се ефектни сами по себе и ќе се чувствувате моќно во нив.

За на работа, освен црни, можете да носите и кафени или бордо панталони. Задолжително одберете малку подолга кошула или туника, а дозата на сериозност која ја бара работата во канцеларија, ќе ја нагласите со струкирано сако. Потпетиците се задолжителни.

Можете да ги носите и навечер, но за таа прилика облечете на пример сако во металик нијанса и облечете чизми со тенка потпетица.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma