Добро е да се комбинира мадеротерапијата со ова масло
Доколку сакате да се подготвите за лето и бикини, секако имате намера да се ослободите од целулитот.
Бидејќи летото е многу блиску, немате многу време за подготовка, па ви треба брзо и ефикасно решение.
Во борбата против целулитот од голема помош може да биде маслото од бреза, кое се покажало и повеќе од добро во решавањето на овој проблем. Маслото од бреза содржи флавоноиди, сапонини и танини, кои влијаат на ослободувањето на слободните радикали кои ја нарушуваат заштитната бариера на кожата. Со нивното елиминирање, кожата добива можност корисните материи да навлезат подлабоко и да влијаат на отстранување на проблемот.
Маслото од бреза е многу здраво бидејќи помага за стимулирање на циркулацијата, особено кога го користите за време на масажа. Има подобар проток на крв, метаболизмот на кожата се забрзува, а насобраните токсини се исфрлаат.
Чистење и пилинг
Маслото од бреза најдобро е да го нанесете после туширање бидејќи кожата е влажна, порите се шират и добрите материи ќе навлезат во кожата. Со пилинг после туширање ќе се поттикне циркулацијата, а најважно е пилингот да биде благ за да не предизвика иритација на кожата.
Маслото од бреза можете да го нанесете рачно или со специјална ракавица наменета за пилинг за туширање. Со овој пилинг после туширање ќе го отстраните вишокот на мртва кожа што се создава во текот на денот и ќе дозволите маслото да дојде до долните слоеви на кожата.
Масажа
Земете го маслото и почнете да масирате со малку посилни кружни движења, од доле нагоре. Комбинирајте со штипкање на делови од телото. Значи, кружно, а потоа штипкање. Така барем некое време, додека маслото се втрие доволно за да не остави мрсни траги. Мадеротерапијата е исто така одлична со употребата на ова масло.
Најдобро е тоа да го правите навечер, а доколку сте во можност, можете да го направите и наутро.