Подгответе се за сезоната на капење: Како да ја заштитите КОСАТА од хлор и сол?

popara7 јуни, 20221min00
Devojka-1

За што најмногу треба да се грижите во текот на летото?

Иако календарски се уште не е започнато, летото во голема мера е тука, што значи почеток на сезоната за капење.

Не е неопходно да се нагласи колку е важно да се негува косата во лето, и да се заштити од штетното влијание на солта или хлорот.

Познатиот стилист Џастин Андерсон ги наведува трите најважни чекори во негата на косата после капење:

  1. Подгответе ја косата за вода

Иако е неопходна дополнителна нега, можеби ќе можете да спречите одредена сувост ако правилно ја подготвите косата. Андерсон препорачува да го пронајдете маслото за коса што го сакате и да го нанесете на косата пред да одите во вода.

Ако немате масло при рака, можете да ја измиете косата со свежа вода. Целта е да бидете сигурни дека вашата коса е веќе хидрирана пред да ја изложите на штетни хемикалии или соли.

– Вашата коса прво ќе го апсорбира маслото или свежата вода, намалувајќи ја количината на хлор или солена вода што косата дополнително ја апсорбира – објаснува Андерсон.

  1. Исплакнете ја косата што е можно поскоро по пливањето

Бидејќи хлорот и солената вода имаат моќ да ја намалат хидратацијата, најдобро е да ја измиете косата што е можно поскоро. Колку подолго остануваат во косата, толку повеќе штета прават. Освен што ги суши прамените, хлорот го одзема и сјајот на косата, што доведува до нејзиниот досаден, безживотен изглед.

Кога ја миете косата, внимавајте на производите што ги користите. Ако имате руса коса, можете да користите виолетов шампон после пливање.

– Хлорот дефинитивно може да ја промени бојата, особено кај русокосите и жените со осветлена коса – вели Андерсон и затоа препорачува употреба на виолетов шампон за отстранување на несаканите медени тонови кои можат да настанат како резултат на хлорот.

Доколку имате кадрава коса, пожелно е двојно да ја зголемите хидратацијата. Кадрици се повеќе склони кон сушење, па корисно е дополнително да се хидрираат, на пример, со маска за коса.

  1. Хидратација, хидратација

Исплакнете го хлорот или солената вода, исчистете ја и измијте ја косата, а потоа продолжете со хидратантни производи кои се оставаат во косата. Можете да додадете и серум за скалпот. Исто така, нежно отплеткајте ја косата, бидејќи скалпот може да се иритира од хлорот и солената вода, правете го тоа полека и нежно за да избегнете дополнително кршење или иритација.

Потопувањето во вода за време на многу топол ден изгледа прекрасно, но ја изложува вашата коса на одредено оштетување. Тоа не значи дека целосно треба да избегнувате пливање – тоа е само потсетување дека треба да одвоите време да се грижите за вашата коса, и пред и по капењето.

Намачкајте ја косата со масло или исплакнете ја во свежа вода пред нуркање, а потоа исплакнете го хлорот или солената вода што е можно поскоро по капењето и нанесете хидратантни производи за коса. На овој начин вашата коса подобро ќе ги преживее долгите летни денови без дополнително кршење, оштетување и сушење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag