Подгответе се! Следната недела носи голем број предизвици за овие три хороскопски знаци

popara3 април, 20221min00
Screenshot_6

Од 4-10 април

 

 

Планетите во овој период ќе направат хаос, но Месечината во Бик ги буди во нас борците подготвени да прескокнеме секаква препрека.

 

 

Од друга страна, Сонцето во врска со Меркур влијае на секое наше движење, поради што оваа недела постои зголемен ризик да кажеме нешто што не треба.

 

Близнаци

 

Ви се чини дека во моментот сѐ е на чекање во вашиот живот, а тоа ве прави многу нервозни – чекате пари, чекате некој да ви донесе некоја вест… Тоа ви треба за да почнете да ги реализирате вашите планови и се чини неправедно – работевте, заработувавте, а пари нема…

 

Што се однесува до личноста од која очекувате вести, веројатно нема да ја слушнете. За среќа, вашиот ведар дух нема да ви дозволи премногу да тагувате бидејќи како и секогаш во сѐ ќе најдете нешто позитивно.

 

Рак

 

Ќе имате можност да се докажете и да ја покажете својата мудрост, искуство… Луѓето многу ве почитуваат и ве сметаат за некој кој секогаш знае да постапи правилно во даден момент, па ќе побараат од вас да го направите тоа сега, но овој пат нема да заблескате, само затоа што сте неподготвени.

Не грижете се премногу, бидејќи од тоа треба да извлечете само поука – да не се потпирате премногу на вашата репутација и да не станете мрзеливи поради тоа. Мора постојано да работите на себе.

 

Скорпија

 

На самиот почеток на неделата ќе се чувствувате лошо – не во физичка смисла, туку ќе бидете нерасположени, без ентузијазам. Сте имале толку многу планови, но со вашата негативност се саботирате себеси.

 

На некои ваши блиски луѓе не им оди најдобро во животот, а вие сте малку среќни поради тоа. Крајно време е да престанете да размислувате за тоа што им недостасува на другите и да се тешите со тоа, туку почнете да работите на себе, да се подобрите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma