Пеглањето е најодвратната домашна работа во лето. Сепак, постојат решенија да не се „варите“ дополнително
Обидете се со еден од овие начини:
- Влажна крпа
Облеката што сакате да ја испеглате ставете ја на рамна површина, а потоа на неа ставете влажна крпа. Можете дури и да користите поголеми хартиени крпи. Притиснете врз ткаенината, исправете ги стутканите делови и оставете ја облеката да се исуши преку ноќ.
- Пареа од бањата
Затворете ги прозорците и вратите од бањата, а облеката што сакате да ја испеглате закачете ја што е можно поблиску до тушот. Внимавајте да не се навлажни. Пареата ќе ги измазни сите набори. Ако облеката потоа се навлажни, закачете ја надвор да се исуши.
- Попрскајте со вода
Стутканата облека закачете ја, а на растојание од околу 30 сантиметри испрскајте ја со вода од шише со распрскувач. Можете да додадете малку омекнувач во водата за дополнителна мекост. Оставете ја облеката кратко да се исуши на воздух.
- Пегла за коса
Пред да ја пеглате облеката, отстранете ги влакната што можеби останале на пеглата, како и можните остатоци од производи за обликување на косата. Ако пеглата има регулатор на температура, можете дури и да ги исправите почувствителните ткаенини со неа.
- Коцки мраз во машина за сушење
Во машината за сушење ставете стуткана облека и неколку коцки мраз и вклучете ја неколку минути на висока температура. Мразот ќе се стопи и ќе се претвори во пареа, која ќе ги измазни наборите. Овој метод работи само ако машината не е преоптоварена.