Подобри и од пекара: Путер кифлички (РЕЦЕПТ)

popara28 декември, 20221min00
Screenshot_7

Домашни кифлички кои се погодни за секакви пригоди

 

 

 

 

СОСТОЈКИ

 

  • Брашно(1 Килограм)
  • Млеко(500 Милилитри)
  • Масло(150 Милилитри)
  • Сол(2 Супени лажици)
  • Шеќер(6 Супени лажици)
  • Јајце(3 )
  • Квасец(1 )
  • Путер(150 Грама)
  • Сусам(100 Грама)

 

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

 

Квасецот измешајте го во малку загреано млеко за да стаса.

Потоа измешајте ги брашното, солта, печивото и додајте го стасаниот квасец.

Додајте ги и белките, маслото и остатокот од млекото и замесете меко тесто. Оставете го тестото да стасува околу половина час.

Потоа размесете го тестото и поделете го на мали топчиња.

Секое топче расукајте го во кора, исечете ја на триаголници и виткајте кифли. По желба може да правите други форми или да ставите фил од сирење, кашкавал, пица-фил…

Премачкајте ги кифлите со жолчка, посипете ги со сусам или со ленено семе, може и со мешавина од семки, па врз нив изрендајте го путерот.

Печете ги во загреана рерна на 200-220 степени додека да добијат убава румена боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma