Во современиот свет има се повеќе луѓе кои ја црпат енергијата од нас и ја „хранат“ душата со фактот дека на другите не им оди. Астролозите велат дека таквите луѓе, „енергетските вампири“, најчесто се раѓаат во овие хороскопски знаци
Стрелец
На прв поглед изгледаат љубезно, но тоа е само нивната маска. Стрелците никогаш нема да пропуштат можност да го извлечат она што им треба од некоја личност. Тие се вешти манипулатори и ги користат луѓето за да ги постигнат своите цели.
Ќе ви станат најдобри пријатели, потоа ќе го земат она што им треба од вас, па ќе ви го завртат грбот и никогаш повеќе нема да ви се јават.
Јарец
Во овој знак се раѓаат луѓето кои завидуваат на сечиј успех. Обожаваат да шират приказни за други луѓе и да уживаат во туѓото страдање.
Понижувањето на другите луѓе им е во крвта и често мислат дека се во право и немаат никакви маани. Кога се чувствувате омаловажено во животот, Јарецот секогаш ќе биде наоколу за да ви трие сол во раната.
Близнаци
Близнаците често несвесно излегуваат лоши. Бараат внимание од другите, но кога некој нивен близок е во неволја, тие не се во состојба да им дадат поддршка. Не се толку завидни колку што не можат да бидат утеха и рамо за плачење. Тие едноставно не знаат што се одговорност и обврски. Ќе ве повредат, а потоа ќе се однесуваат како ништо да не се случило.