Деми Мур неодамна зборуваше во подкастот „Добриот пријател на Џејми Ли Кертис“ за нејзиното животно искуство, трауматските настани што ги доживеала во детството и за нејзиниот брак со Ештон Качер.
Актерката која денес го слави својот 60-ти роденден, го отвори срцето и раскажа дека во периодот на растење поминала низ семејно насилство, а тоа имало многу влијание на нејзината актерска кариера, но и на нејзиниот љубовен живот – алудирајќи на трите неуспешни бракови. Еден од нив – оноја со актерот Ештон Кучер, особено ја погодил, а траумите од таа врска, вели, биле префрлени во понатамошни партнерства и врски.
“Како што стареам, сè повеќе сфаќам дека моите пријатели се оние кои секогаш ќе бидат тука за мене. Затоа ги сакам”, рече таа и додаде дека верува во различни научни студии кои тврдат дека жената не може да преживее во свет без пријателки.
Навраќајќи се на врската со Качер, Деми искрено сподели дека за време на нејзиниот осумгодишен брак со него воопшто немала женско друштво, односно дека е многу тешко да се воспостави врска со нив. Актерката, која тогаш имала 40 години, а нејзиниот сопруг 25, постојано се бореле за неговото внимание. Млад, перспективен, посакуван, имал се, вели таа и продолжува: „Му приоѓаа девојки на негова возраст, а јас морав да се борам за неговото внимание“.
Денеска е сосема друга приказна, а бракот со Качер е далечно минато. Сега таа ужива во своите шеесетти и се чувствува пожива од било кога.
„На многу начини се чувствувам жива и присутна сега, отколку кога бев млада“, истакна Деми, а потоа продолжи: „Мојата кожа повеќе не изгледа исто како кога бев млада, но навистина ја чувствувам удобноста на сопственото тело. “, заклучи таа.