Неговите најблиски се на прво место, па решил да го направи тоа заради нив.
Марк Волберг, еден од најпознатите холивудски актери, решил да се исели од Холивуд со семејството – сопругата Реа и децата Ела, Мајкл, Брендон и Грејс, ни помалку ни повеќе во Невада.
Имено, тој ја отвори душата и призна зошто се решил на овој чекор. Како што истакна, сакал да имаат шанса да уживаат во животот на друга локација.
– Тоа беше голем предизвик. Секој слободен момент го поминував дома, но сакам да можам да работам од дома. Се преселив во Калифорнија пред неколку години за да се занимавам со кариера и за сето тоа време снимив само неколку филмови – рече тој, а потоа продолжи:
– Најважна ми беше можноста да им дадам подобар живот на моите деца и да можат да ги бркаат своите соништа
Пролетта оваа година Марк го стави на продажба својот имот во Беверли Хилс, за кој побара 87,5 милиони долари. Неверојатниот дом од 30.500 квадратни метри се наоѓа на 6,2 хектари земја и има 12 спални соби и дури 20 бањи! Вилата има и скејт парк, тениско игралиште, домашно кино, винарска визба, терен за голф со пет дупки, базен налик на пештера како оние кои ги гледаме во луксузните одморалишта и посебна куќа за гости. Иако Калифорнија секогаш ќе им биде во срцата, актерот тврди дека нивниот нов дом во Невада не е премногу далеку, и дека лесно можат да патуваат.