ПОЗНАТИОТ АКТЕР НЕКОГАШ ПРОСЕЛ ЗА ЛЕБ И ЖИВЕЕЛ ВО НАПУШТЕН АВТОМОБИЛ: Денес е МИЛИОНЕР и се е поинаку!

popara17 јануари, 20221min00
384231_dzim-keri_ls

Улогата која најмногу го прослави е улогата од филмот „The Mask“ во 1994 година

Џим Кери е популарен американски актер и комичар со канадско потекло, роден на денешен ден во 1962 година.

Џим имал многу тешко детство. Неговите родители, сиромашни уметници, имале четири деца, меѓу кои Џим бил најмладиот. Големото семејство често преминувало од удобноста на средната класа до екстремна сиромаштија, па семејството Кери дури било принудено да живее во напуштен „Фолксваген“. Не било невообичаено целото семејство да работи на чистење на фабрики и фабрички машини за да преживее.

<p>Uloga koja ga je možda najviše proslavila jeste uloga iz filma “The Mask” 1994. godine</p>

Бил многу срамежлив, па социјалната несигурност ја заменил со правење смешни гримаси, кои подоцна го направија уникатен комичар. Својот талент за неверојатна подвижност на мускулите на лицето го открил во тинејџерските години пред огледало каде ги имитирал своите идоли, што го поттикнало да настапува како комичар во студентски клуб во Торонто. Дебитантскиот настап на петнаесетгодишниот Џим облечен во работнички костим бил вистинско фијаско. Подоцна, сепак, тој успеал да стане комичар во многу клубови во Торонто, што нему и на неговото семејство им носи поголема финансиска сигурност. Инаку, тој клуб денес е познат во светот токму по тоа што овој холивудски комичар за прв пат настапил во него.

Кога Џим имал 16 години, бил избркан од училиште, иако бил одличен ученик. Затоа тој можел без пречки да ја продолжи својата кариера. Отсекогаш сонувал да стане ѕвезда, па на 18 години отишол во Холивуд за да го оствари тоа.

<p>Uloga koja ga je možda najviše proslavila jeste uloga iz filma “The Mask” 1994. godine</p>

Улогата која најмногу го прослави е улогата од филмот „The Mask“ во 1994 година. Во тој филм, тој игра двојна улога: ликот на смотаниот банкар Стенли Ипкис и урнебесното суперего на Ипкис, маската со зелено лице.

„Dumb and dumber“ е комерцијален хит во кој игра во тандем со Џеф Даниелс, а подоцна се појави и во „Batman Forever“, како и во „The Cable Guy“, „Liar Liar“, „The Truman Show“, „How the Grinch Stole Christmas”, “Bruce Almighty”, “A Christmas Carol” и други.

The Cable Guy не беше огромен комерцијален успех, но Џим заработил околу 20 милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma