Познатиот пејач во врска со 44 години помлада девојка: И дава џепарлак, а и подарил и куќа вредна МИЛИОНИ

popara4 јануари, 20221min00
Mik-Dzeger

Не штеди кога е таа во прашање

Фронтменот на бендот „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, е еден од најпознатите музичари во светот, но покрај неговата завидна кариера, она што особено ја интересираше јавноста е неговиот многу бурен љубовен живот.

Пред олтарот застана само еднаш, а моментално ужива во врска со 44 години помладата балерина Мелани Хемрик, која ја запозна во 2014 година.

Иако постојано наидуваат на критики во јавноста поради големата разлика во годините, тие не обрнуваат внимание на тоа, а Мелани во 2016 година го роди синот Деверукс Октавијан, кој на Мик му е осмо дете.

Интересно е што за време на бременоста се шпекулираше дека таа и музичарот раскинале и дека Џегер си нашол нова девојка, манекенката Маша Руденко.

Наскоро се покажа дека тоа се само гласини, а Мик во 2016 година и купи на Мелани луксузна куќа во Њујорк вредна седум милиони долари за да се искупи.

Пријателите на музичарот еднаш открија за странските медиуми дека тој и балерината се во отворена врска и дека тоа значи дека членот на Ролинг Стоунс може да гледа и други жени, што славниот рокер многу го користел.

Мик, во меѓувреме, беше со младата продуцентка Нор Алфалах која го придружуваше на неговите концерти низ светот. Сепак, тој одлучи да си остави повеќе време за Мелани и нивниот син.

Покрај тоа, медиумите пишуваат дека Мик Џегер е должен да и плаќа на Мелани 15.000 долари месечно за да го чува нивниот син, бидејќи таа се повлекла од својата работа. Покрај тоа, Мик, според медиумите, се обврзал да ги сноси сите трошоци поврзани со школувањето до 18 години.

Мелани и Мик ретко споделуваат заеднички фотографии на Инстаграм, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека тие двајца не поминуваат премногу време заедно.

Инаку, Мик Џегер има осум деца и пет внуци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma