ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ ПОМИНУВА НИЗ ПЕКОЛ! Џастин Бибер очаен откако на Хејли ѝ е дијагностицирано згрутчување на мозокот

popara15 март, 20221min00
Screenshot_2

Откако неговата сопруга беше хоспитализирана поради симптоми слични на мозочен удар, на пејачот Џастин Бибер не му било воопшто сеедно, а извор близок до пејачот рекол дека тоа го потсетило дека таа треба да се цени секој ден.

 

Хајли била примена во болница пред неколку дена, каде што, откако претрпела симптоми слични на мозочен удар, лекарите утврдиле дека има згрутчување на крвта во мозокот.

 

Кратко потоа состојбата се подобрила. Манекенката е пуштена на домашно лекување, каде одмора и прима терапија, но за парот кој е во брак три години, ова било вистински предизвик. Изворот тврди дека најмногу се загрижил нејзиниот сопруг Џастин Бибер, кој од паника почнал да плаче.

 

„Штом се случи тоа, настана голема паника. Џастин почна да плаче, никако не очекуваше дека неговата млада сопруга ќе има симптоми слични на мозочен удар. Им испрати порака на сите кои знаеше дека се молат за нејзиното здравје“, открил изворот за „People“.

 

Тој истакнал дека оваа ситуација го освестила пејачот кој не престанал да повторува дека сè би направил за својата сопруга.

 

„Беше многу потресен. Повторуваше дека не смее да ја изгуби и дека ќе направи сè за неа. Велеше дека Хајли е негова најголема поддршка, дека го извлекла од светот на темнината и дека треба да биде ценета секој ден. Тоа беше еден од оние моменти кои нè потсетуваат на минливоста на животот и на она што е навистина важно“, истакал изворот.

 

За потсетување, откако излегла од болница, Хајли се огласи на својот Инстаграм.

 

„Иако ова беше најстрашниот момент во мојот живот, дома сум и добро сум. Благодарна сум им на прекрасните доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене. Им благодарам на сите кои ми се јавија со убави желби“, напиша 25-годишната манекенка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma