Познатиот член на BTS на отворањето на Светското првенство: Пејачот по Рики Мартин влезе во историјата на настанот

popara21 ноември, 20221min00
tan2022-11-20169278943-830x0

Јужнокорејскиот пејач и најмладиот член на „BTS“, најпознат како Џангкук, на отворањето на Светското првенство во Катар ја изведе песната „Dreamers“ и повторно влезе во историјата.

Покрај сите досегашни достигнувања, тој се „запиша“ и како прв изведувач по Рики Мартин кој имаше „официјална соло песна“ на оваа церемонија.

Мартин, да потсетиме, направи општ хаос со песната „La Copa de la Vida“ во 1998 година.

Судејќи според коментарите од социјалните мрежи – време е за нова химна.

К-поп ѕвездата малку порано замина за Катар, но изненадувањето за сите негови фанови и пошироко не беше откриено речиси до последниот ден. Со оглед на тоа што компанијата која стои зад тоа објави се на социјалните мрежи – малкумина беа оние кои не се големи љубители на фудбалот, а не се вклучија да го гледаат воведот во главното шоу.

Во настапот му се придружи и локалниот пејач Фахад Ал Кубаиси.