Еве ја неговата тајна
Мачкастиот изглед на очите е апсолутен хит кога станува збор за професионалната шминка. Им одговара на повеќето девојки, па не е ни чудо што се омилен избор кога е шминката во прашање.
За да го постигнете ефектот на мачкасти очи, треба да ја знаете техниката и да бидете што е можно попрецизни. Овде не се дозволени неправилни линии или какви било грешки доколку сакате да постигнете максимален ефект.
Сепак, не грижете се, бидејќи оваа техника лесно можете да ја научите со помош на шминкерот на Ким Кардашијан.
Во првиот чекор, треба внимателно да ја исцртате водената линија на окото со црн молив на горната страна на окото. Потоа следи нанесување на вештачките трепки кои треба да ги залепите што е можно поблиску до вашите природни трепки, внимавајќи да оставите барем малку простор помеѓу вештачките и природните трепки.
Надворешниот дел од трепките треба да се залепи директно на капакот.
„Пред да дојдете до надворешниот агол, подигнете ги вештачките трепки и залепете ги на капакот“, вели тој.
Доколку не оставите празнина помеѓу трепките и на надворешниот агол на окото, нема да можете да го постигнете ефектот на мачкасти очи бидејќи ќе изгледа како вештачките трепки да го „спуштат“ окото.
На крај додадете течен ајлајнер во просторот помеѓу природните и вештачките трепки со што го постигнувате финалниот ефект.
ОВДЕ може да погледнете како Марио ја изведува постапката.