Серијата „Бриџертон“ ќе ја добие третата сезона по успехот од претходните две. По љубовната приказна на Дафне Бриџертон и војводата Сајмон Басет, како и Кејт Шарма и Ентони Бриџертон, пристигнува нова љубовна врска.
Како што се наведува, третата сезона на серијата „Бриџертон“ ќе ја следи љубовната приказна на Пенелепе Федерингтон и Колин Бриџертон. Како што е познато, Пенелопе е лудо вљубена во својот најдобар пријател Колин, а во продолжение на серијата фановите ќе можат да видат нешто повеќе.
Втората сезона на серијата „Бриџертон“ беше најгледаната серија на Нетфликс на англиски јазик. Таа имаше вкупно 627,11 милиони гледани часови на овој стриминг сервис.
Што се однесува до првата сезона, таа имаше 625,49 милиони гледани часови.