Секој би сакал љубовта да трае вечно и да го сметаме партнерот за наша друга половина до крајот на животот.
Сепак, работите не секогаш одат според планираното. Иако сите би сакале, љубовта не е нешто што има гаранција.
Многумина ја земаат љубовта здраво за готово, како нешто што е тука и нема да исчезне, наместо да ја негуваат и одржуваат. Очекувањето лојалност, пожртвуваност, внимание и почит од другата личност, исто така, мора да значи дека сте спремни да и го пружите сето тоа на таа друга личност.
Ако вие сте страната која дава се од себе и посветува голем дел од својата енергија за одржување на таа врска, додека другата страна не враќа во иста мера, тогаш знаете колку стрес и нервоза може да создаде тоа. Ситуацијата е уште полоша ако вашиот, до неодамна, совршен партнер го подари сето тоа на трето лице. За да биде парадоксот уште поголем, не мора да значи дека вашата друга половина не ве сака.
Како луѓето кои имаат искрени чувства кон партнерот – изневеруваат? Зошто твојата друга половина бара некој друг, ако те сака и е среќна и исполнета со тебе?
Тоа што имало неверство, односно измама, не мора да значи дека љубов и искрени чувства никогаш не постоеле. Можно е партнерите со текот на времето да се отуѓиле, односно да се оддалечиле, да ја запоставиле својата врска или да ја изгубиле нишката што ги поврзувала.
Познатиот психијатар, Виктор Франкл, одамна кажа една мудра реченица за која треба да се размисли:
– „Лојалноста е една од задачите на љубовта – но секогаш е задача само за оној што сака, а никогаш не може да биде барање упатено до партнерот.“
Она што Френкл сакаше да го каже е дека верноста се подразбира во искрената љубов. Кога чувствата се интензивни и кога партнерот вистински ве сака, вие ќе бидете единствената личност која постои за него. Меѓутоа, ако неговите чувства избледат со текот на времето, од која било причина, едноставно не можете да го принудите да остане со вас. Може да се обидете да ги разбудите тие чувства кај него, но нема гаранција дека ќе успеете.
Затоа, слабеењето на чувствата и чувството за поврзаност, доведува до изневерување на луѓето, иако, најверојатно, сепак имаат одредена доза на љубов кон партнерот.