Покрцкав и повкусен од купечкиот, а го има повеќе: Направете домашен чипс од само 3 состојки

popara29 октомври, 20221min00
cips-2048x1366

Чипсот е омилена закуска на многумина. Вкусот и острината прават оваа храна да не ја изгуби својата популарност со децении.

За жал, кога ќе го купите, доаѓа во ограничена количина, па се случува да исчезне додека сте среде гледање филм.

Како и да е, одлична вест за сите вас кои сакате да седите дома во петок навечер со пријателите на грицки, или пак оние кои подготвувате детски роденден, имаме одлична вест.

Чипсот е многу лесен за правење и потребни ви се само три состојки. Од половина килограм до килограм компири, можете да направите поголема количина и да уживате во него колку ви душа сака.

Состојки:

– компири, половина килограм
– масло
– оцет, 1,5 лажици

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на тенки листови. Бидејќи треба да бидат што потенки, можете да ги исечете и со лупач. После тоа, натопете ги компирите во вода и истурете оцет.

Оставете така да отстои еден час, а потоа истурете ја водата и додајте нова, но овој пат без оцет.

Оставете повторно да отстои еден час, а потоа истурете ја водата и парчињата компир на крпа (не користете салфетка) за да се впие водата.

Загрејте го маслото и пропржете ги компирите, но обидете се да не ги допирате кришките за да не се залепат, а кога ќе ги извадите посолете ги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma