Состојки:
6 варени јајца (можете и повеќе)
1 туна
половина лимон
лажица сенф
лажица мајонез
Подготовка:
Првото нешто што ви треба е да ги сварите јајцата. Потоа поделете ги на половина и извадете ги жолчките.
После тоа изгмечете ги сите жолчки и додајте туна, лимон, сенф и мајонез.
Сè убаво измешајте, а потоа наполнете ја внатрешноста на јајцето со шприц.
Пријатно!