Половина од смртните случаи од рак се поврзани со 3 фактори на ризик што може да се спречат

popara9 септември, 20221min00
mitosis-38766691920-830x0

Според една нова студија, 44,4 отсто од сите смртни случаи може да се припишат на фактори на ризик кои апсолутно можат да се спречат

Најновата студија покажува дека секој втор човек може да развие некој вид на рак во текот на својот живот. Затоа, треба да направиме се што можеме за да го намалиме овој ризик, вклучително и воздржување од кој било од овие три фактори на ризик, пишува „Mirror“.

Ракот е болест при која клетките на одреден дел од телото неконтролирано растат и се размножуваат. Клетките на ракот потоа го напаѓаат и уништуваат околното ткиво, вклучувајќи ги и органите.

Една нова студија објавена во списанието „The Lancet“ ги откри трите најголеми фактори на ризик за развој на рак.

Според оваа студија, 44,4 проценти од сите смртни случаи може да се припишат на фактори на ризик кои апсолутно можат да се спречат. Станува збор за пушење, консумирање алкохол и дебелина.

Пушење

Пушачите имаат 15 до 30 отсто поголеми шанси да развијат рак на белите дробови од непушачите. Ова ги вклучува оние кои пушат неколку цигари дневно или повремените пушачи. Хемикалијата во цигарите ја оштетува ДНК и им отежнува на клетките да ја поправат оштетената ДНК.

Со пушењето ги оштетуваме деловите на ДНК кои не штитат од рак.

Дебелина

Постојат силни научни докази дека прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот за 13 проценти од појавата на различни видови на рак како што се: рак на дојка и дебело црево, рак на панкреас, хранопровод и жолчен меур, матка и јајници, бубрези и црн дроб, тироидна жлезда. и тумори на мозокот.

Алкохол

Прекумерната употреба на алкохол може да предизвика седум различни видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, устата и дебелото црево.

Алкохолот се распаѓа на штетни хемикалии и може да влијае на хемиските процеси во нашето тело, што ја зголемува веројатноста за развој на рак, открило ова истражување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma