Јаболката се вистинско богатство за здравјето, а нутриционист открива дека зајакнувањето на имунитетот и спречувањето на дијабетес се само дел од причините поради кои треба почесто да ги консумирате.
Доколку сакате да го зајакнете имунитетот и да го подобрите целокупното здравје, нутриционистката Наташа Ѓукиќ истакнува дека тоа би можеле да го направите со јадење јаболка:
– Јаболката не се само вкусно овошје, тие се вистинско богатство за здравјето и чудо за нашиот организам – вели таа и открива кои се придобивките што треба да ве натераат да ги јадете почесто:
КОРА ОД ЈАБОЛКА
Лушпата содржи многу влакна и антиоксиданси, или природни супстанции, кои помагаат во заштитата на вашите клетки од некакво оштетување што може да доведе до рак, срцеви заболувања и мозочен удар.
ГО ЧУВААТ ПОМНЕЊЕТО
Фитонутриентите, флавоноиди, ги штитат клетките во вашето тело, вклучувајќи ги и оние во вашиот мозок. Ова овошје е исто така богато со антиоксиданси, кои помагаат при губење на меморијата предизвикано од разни видови оштетувања на клетките.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД ДИЈАБЕТЕС
Флавоноидите во јаболката можат да помогнат да се одржат клетките во вашиот панкреас здрави и способни да ја вршат својата работа, што е важно за намалување на ризикот од дијабетес тип 2.
КОНТРОЛА НА ТЕЖИНАТА
Влакната во јаболкото помагаат да се чувствувате сити подолго време. Јаболкото исто така има низок гликемиски индекс, што значи дека нема да ви го зголеми шеќерот во крвта и да ве измами да мислите дека сè уште сте гладни.
ЈА ЧУВААТ ЦРЕВЕНАТА ФЛОРА ЗДРАВА
Јаболката се природен извор на пектин, растворливи влакна кои ја движат храната низ вашиот дигестивен систем и ја одржуваат вашата столица редовна.
ИМУНИТЕТ
Не можат да се натпреваруваат со цитрусното овошје и пиперките, но јаболката содржат 10 отсто од витаминот Ц што ви е потребен за одржување на имунолошкиот систем.