Пејачката Шер (76), најпозната по хитовите „Belive“ и „Turn Back Time“ ја потврдила врската со 40 години помладиот продуцент Александар Едвардс.
Таа во таа прилика се огласила на Твитер и му посветила неколку објави. Шер објавила фотографија од својот партнер и го напишала неговото име на кое додала емотикон срце, а кога во коментари ја прашале дали се заедно, објавила емотикон со срце околу нивните глави.
Напишала дека кон неа се однесува како кон кралица и дека љубовта не знае за математика. Потоа објавила уште еден твит во којшто напишала дека не ја брани својата љубов и дека „хејтерите“ ќе ја мразат, но сеедно.
Alexander♥️ pic.twitter.com/o8tH1F0Th6
— Cher (@cher) November 6, 2022
Таа нагласила дека се среќни и дека никому не му пречат.
Инаку Шер признала дека го запознала своето момче на модната Недела во Париз минатиот месец и дека веќе го запознала со своето семејство.
Да ве потсетиме, откако пејачката останала сама откако Сони Боно трагично почина на скијање во 1988 година, сама ја одгледувала нивната ќерка Честити. Потоа се заљубила во музичарот Олман за кој подоцна се венчала и го добила синот Ели Блу. Ниту тој брак не траел. Грег имал проблеми со зависности, па го занемарил семејството, а пејачката едноставно не сакала тоа да го трпи.
I’m Not Defending us.Haters are Gonna Hate…Doesn’ Matter
That we’re Happy & Not
Bothering Anyone— Cher (@cher) November 6, 2022
Нејзе помладите мажи ѝ биле поинтересни и позабавни. Врската со актерот Вал Килмер ги полнела новинарските страници, а никој ниту Вал не бил сигурен како и зошто завршиле заедно.
Тие се запознале на забава на заеднички пријател, но Килмер бил сигурен дека таа не е жената за него поради тоа што ја сметал за „жена од насловните страници која сака внимание“. Шер му докажала дека е спротивна од тоа што мислел за неа и завршиле заедно. Подоцна сфатиле дека е подобро да останат пријатели, а нивното пријателство трае со години.
Таа исто така била во врска и со Том Круз и Ворен Бити, Џин Симонсон и Тим Медвек, додека пак познато е дека Александар бил во врска со манекенката Амбер Роуз, поранешната девојка на раперот Канје Вест која признала дека ја изневерувал.