Актерот Џејсон Момоа гостуваше во „Jimmy Kimmel Live“ кај водителот Џими Кимел, а потоа во еден момент ги шокираше гледачите кога се соблече
Во емисијата Џејсон разговараше за видеото кое го објави на Инстаграм во последните денови, бидејќи жените полудеа кога објави како рибари во долна облека.
Видеото предизвика бурни реакции. Актерот сега објасни дека тоа всушност бил традиционален хавајски костим и дека бил исклучително удобен.
Момоа објасни дека го носи под оделото, а за да ги убеди гледачите и водителот, тој реши да се соблече.
Актерот се соблече и уште еднаш ги остави без здив сите жени во студиото и зад малите екрани.