Со престанокот на диетата не престанувајте со грижата за себе
Фактот што постојано се борите против вишокот килограми, постојано држите диета и ги симнувате киллограмите, што се враќаат секој пат, треба да ве поттикне да се запрашате каде грешите.
Ако веднаш се фрлите во слатки и брза храна кои долго време сте ги прескокнувале, а притоа прекинете да тренирате, одговорот е јасен.
Меѓутоа, што ако направите се како што треба и килограмите се вратат? Постојат неколку причини зошто тоа се случува.
Многу често луѓето сами се саботираат без воопшто да се свесни за тоа. Многумина, на пример, редовно вежбаат, но не обрнуваат внимание на тоа колку калории трошат.
Најчесто нивниот број е претеран, а многумина не знаат дека еден час вежбање на почетокот на диетата согорува повеќе калории отколку неколку месеци подоцна, бидејќи телото станува истренирано. Тоа значи дека му треба повеќе вежбање и тренинзи со поголем интензитет за да согорува калории.
Исто така, имаме тенденција да го намалиме бројот на калории што ги консумираме со храна и пијалоци. Многумина забораваат дека дури и здравата храна содржи одредено количество калории, па затоа претерувањето со нејзината количина е исто толку лошо како и консумирањето висококалорична храна.
Сепак, најлошата грешка со која ја саботираме нашата исхрана е недостатокот на самодоверба. Многумина веќе по првиот „прекршок“ во форма на плескавица или чоколада, се откажуваат од диетата, кажувајќи си дека тоа не е за нив и дека не можат да го издржат. Ако прескокнете еден тренинг во теретана, тоа е во ред, можете да го надокнадите следниот пат, па нема смисла да се убедувате дека сте мрзеливи.