Џенифер Гарнер е горда на својата природна убавина и кога е во прашање „разубавување“ на лицето, многу внимава на какви третмани се препушта.
Џенифер Гарнер е родена во Тексас и има 50 години. Таа неодамна ги откри своите бјути тајни за „Харперс Базар“, вклучително и совети што ќе им ги пренесе на двете ќерки кои ги доби со поранешниот сопруг Бен Афлек: Вајолет Ен Афлек (16) и Серафина Роуз Елизабет Афлек (13).
– Мој совет е помалку да се гледате во огледало и да внимавате кога е во прашање вбризгувањето на било што во вашето лице, изјави ѕвездата на „Алијас“.
– Бидете многу, многу разумни и почекајте што е можно подолго за да додадете нешто.
Во време кога 20-годишничките се одлучуваат за ботокс, Гарнер ги предупреди и младите:
– Немојте да мислите дека имате 37 години и треба да го пумпате лицето со се.
Всушност, актерката од „13 going to 30“ мисли дека сите би можеле да користиме помалку придонес во нашиот изглед воопшто.
– Помалку гледајте се во огледало, не се опседувајте и погледнете го остатокот од светот за да видите што би можеле да правите со вашето време наместо тоа. Сите ние си ги гледаме лицата повеќе од луѓето порано, и тоа не ни помага. Опседнати сме со промени или како да поправиме нешто на нашето лице.
Убавата актерка е далеку од единствената ѕвезда која изразила резервираност за инјекциите. Бизи Филипс неодамна откри дека „нема ботокс, нема филери“ и како „се разочарува кога многу млади жени почнуваат да си играат со нивните лица“.
Сепак, иако Џеј Ло продолжува да негира дека направила ботокс, никој навистина не верува во тоа, па можеме само да замислиме колку ја повредиле зборовите на Гарнер.