Последиците можат да бидат опасни: НЕ СМЕЕТЕ да носите лак за нокти секој ден, а еве и зошто!

popara9 октомври, 20221min00
shutterstock_413810710 (1)

Повеќето девојки не можат да ги замислат своите нокти без лак или гел, меѓутоа, експертите веруваат дека е добро на вашите нокти да им давате пауза од третмани одвреме-навреме.

Без разлика дали само нанесувате лак или одите во салон за да ги средите ноктите со гел, секој третман за нокти е стресен за нив, а одвреме-навреме им треба и одмор.

Ноктите земаат кислород и хранливи материи од крвта, а не од воздухот, па не мора буквално да „дишат“, но повремените паузи од лакови и гелови се добредојдени, истакна експертот за здравје на нокти Дејна Стерн од Њујорк.

Кога ќе им треба одмор, ноктите сами ќе го покажат тоа. Имено, на нив ќе видите неправилна текстура, што всушност е последица на гранулација на кератин, обезбојување и дехидрирана кожа околу ноктите.

Причината за тоа е неправилен маникир, стар лак, а ноктите може да се уништат и со несоодветно отстранување на лак или гел.

– Доколку се користат екстремно агресивни средства при отстранување на гел или лак, тие ќе ја уништат плочката на ноктите, а и полесно ќе се лупи и оштети – објасни Стерн.
И како и да е, овие третмани ја разредуваат плочката на ноктите, па таа автоматски станува чувствителна.

Стерн предлага да избегнуваме влечење на кутикулите, да не го гребеме лакот, туку да го отстраниме со помош на препарати наменети за оваа намена. Сето ова може дополнително да ја уништи плочката за нокти.

– Ацетонот екстремно ги суши ноктот и кутикулата, не е добро да ги држите ноктите предолго во него – рекла таа.

Помеѓу маникирот, добро е да ги негувате ноктите и кожата околу нив со масла кои ќе го забрзаат закрепнувањето и ќе се вратат во здрава состојба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma