Благодарение на комбинацијата од лешници и ореви, оваа торта има посебен вкус кој долго ќе се памети
За време на празничната сезона трпезата е незамислива без бајадера. Овој десерт брзо се прави, може да се чува долго време и е подеднакво вкусен и во посна и во мрсна варијанта.
Иако повеќето домаќинки ја подготвуваат бајадерата со мелени ореви, таа е многу повкусна кога ќе се додадат мелени печени лешници. Благодарение на ова јаткасто овошје, мирисот на колачот е различен, исто како и текстурата, а начинот на подготовка не се разликува од класичната мрсна бајадера.
Состојки:
– 500 гр мелени посни бисквити
– 300 мл вода
– 200 гр растителен маргарин
– 400 гр шеќер
– 200 гр чоколадо за готвење
– 2 лажици масло
– 200 гр ореви
– 200 гр печени лешници
Подготовка:
Посебно смелете 150 грама печени лешници и 200 грама ореви, па оставете ги на страна. Преостанатите 50 грама печени лешници издробете ги за да останат малку поголеми парчиња.
Истурете вода во тенџере, додадете шеќер и маргарин и варете додека не зоврие. Тргнете го тенџерето од оган, додадете ги мелените ореви и мелените бисквити, па сè убаво измешајте и поделете на два еднакви дела.
На пареа растопете 100 грама чоколадо, истурете во половина од смесата за бајадера и додадете мелени лешници, како и оние дробените. Овој дел од смесата сипете го во тава, а потоа прелијте го со вториот дел од смесата за бајадерата од ореви, мелените бисквити и шеќер, вода и маргарин.
На пареа растопете ги преостанатите 100 грама чоколадо со две лажици масло, а потоа премачкајте ја глазурата врз бајадерата и држете го колачот во фрижидер додека не се стегне.
Се сече и се сервира.
Пријатно!