Станува збор за солени топчиња од кикирики кои на крајот треба да се печат во рерна, а кои можат да послужат како предјадење или ужина, особено во посните денови. Брзо се подготвуваат, а уште побрзо се јадат …
СОСТОЈКИ:
- 350 гр брашно
- 200 гр мелени несолени кикирики
- кесичка прашок за пециво
- лажичка сол
- 250 гр маргарин (кој не пости може да додаде путер)
- 50 до 100 мл кисела вода
Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, мелените кикирики, пецивото и солта. Во посебен сад измешајте го маргаринот да стане пенест, па додадете го брашното со кикириките и киселата вода, продолжувајќи со матење. Од добиеното тесто, кое треба да биде меко, одвојте парчиња и обликувајте топчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги на 200°C околу 20 минути. Печените топчиња извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат.