Постигнете СОВРШЕН волумен со ФЕНИРАЊЕ на косата: Следете ги овие ТРИ чекори и ќе изгледате како Џенифер Лопез

popara25 октомври, 20221min00
39280_dzenifer_f

Есента е совршен период за коса со многу волумен

Фенираната коса полна со волумен дефинитивно асоцира на деведесеттите, бидејќи тогаш ја гледавме насекаде. Сега, како што се враќаат трендовите, фенираната коса стана задолжителна за есенскиот период, а кој не знае добро да се фенира – ова е текст за вас!

Следете ги овие три чекори и ќе имате совршено стилизирана коса.

Има толку многу трикови кои можете да ги користите секој ден за да постигнете поголем волумен на вашата коса. Најдобрите трикови за поголем волумен на косата се:

  1. Носењето на косата на иста страна, со текот на времето, предизвикува косата да стане сплескана на скалпот. За да го избегнете ова и да се осигурате дека вашата коса има одличен волумен, одвреме-навреме префрлајте ја косата на другата страна, т.е. носете го патецот на друга страна. На овој начин вашата коса природно ќе се подигне и ќе изгледа пополно. Ваквото менување на косата го правите на секои 2 до 3 месеци и кога ја потстрижувате косата.
  2. Пред да ја исушите косата, испрскајте ја со спреј за волумен. Навалете ја главата наопаку кога косата е сѐ уште влажна. Исушете ја во оваа положба додека не се исуши 60% користејќи голема тркалезна четка бидејќи тоа ќе го пренасочи коренот и ќе создаде дополнителен волумен. Исправете ја главата и продолжете да ја сушите косата чешлајќи ја со прстите. Ќе добиете бујна и сјајна коса.
  3. Додадете дополнителен волумен со четкање на косата во спротивна насока од вашето редовно четкање. Ако вообичаено ја носите косата пуштена налево, четкајте ја надесно или обратно. Користете висока топлина на вашите корени околу 10 секунди, а потоа користете ладен воздух на вашата коса за да го подесите стилот. Откако косата ќе се олади, четкајте ја во насока во која вообичаено ја делите.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma