Шест фактори имаат големо влијание врз циклусот
Дури и оние жени кои немаат никаков проблем, еднаш годишно може да доживеат отсуство или нарушување на менструалниот циклус.
Причините можат да бидат различни и редовниот преглед кај лекар е најдобро решение, но секогаш може да дојде до ненадејна промена предизвикана од нешто од претходниот период на што не сте обрнале внимание.
Шест потенцијални причини зошто можеби сте пропуштиле или пропуштате менструацијата овој месец:
Стрес/траума
Стресот е сеприсутен и не постои човек кој не се соочил со овој проблем. Тоа е индивидуално чувство и она што е стресно за вас можеби не е за некој друг. Генерално, стресот влијае на хормоните и репродуктивните органи, па ако менструацијата ви станала неправилна, размислете низ што сте поминале изминатиот период, колку сте биле нервозни и дали сте успеале да бидете среќни.
Синдром на полицистични јајници
Овој синдром се карактеризира со многу различни симптоми, но еден од оние што може да укажуваат на проблем е секако отсуството на менструација. За секој случај, задолжително посетете лекар.
Годините
Промените во менструалниот циклус се нормални ако сте во доцните триесетти и кога ќе влезете во четириесеттите. Тоа е природен процес кој не треба да ве загрижува, а за што полесно да ја поминете оваа животна фаза вклучете во исхраната протеини, масти, но висококвалитетни и многу влакна.
Проблеми со тироидната жлезда
Тироидната жлезда е поврзана со нашите репродуктивни органи, па ако лачи повеќе или помалку од своите хормони отколку што треба, тоа ќе влијае и на менструалниот циклус.
Лекови
Антидепресиви, лекови за крвен притисок и некои лекови за алергија може да ја предизвикаат оваа ситуација. Дури и антибиотиците не се нормална состојба за организмот, па затоа внесувањето на какви било лекови може да влијае на менструацијата, која ќе се стабилизира веднаш штом ќе го завршите третманот.
Патувања
Најнеопасна причина, лесно решлива, но секако не се случува често. На менструалниот циклус влијаат и климатските промени, местата измешани со несоница и умор. Особено ако поминувате низ различни временски зони, иако неретко и да го смените градот, таа промена се рефлектира на телото во вид на отсуство на менструација.