
Ова се најскржавите знаци во хороскопот!
За овие хороскопски знаци, никогаш не сте сосема сигурни дали се само расеани или сериозни стипси! Често ќе заборават да ви купат подарок за роденден, кога ќе стигне сметката за пијалок одеднаш ќе сфатат дека не го понеле паричникот или случајно ќе треба да одат во тоалет токму во тој момент… Ќе ја платите сметката, се разбира.
Откријте кои хороскопски знаци се најскржави, а вешто ја кријат оваа мана од сите!
3-то место – ЈАРЕЦ
Претставниците на овој знак се скржави, но и љубопитни. Секогаш се заинтересирани за туѓите приходи и расходи, но во исто време често молчат за своите финансии. Тоа го прават само затоа што не сакаат другите да знаат колку имаат и да побараат од нив заем или да бараат било што од нив. Јарците едноставно сакаат пари, важно им е секогаш да ги имаат. Понекогаш оваа прекумерна скржавост ги наведува да ги одложат поправките во станот само за да не потрошат пари. Не е невообичаено да носат истрошена, стара облека за да не трошат пари на нова.
2-ро место – ДЕВИЦА
Второто место на оваа неславна листа го зазеде Девицата. Овие луѓе се многу добри во тоа да се преправаат дека не знаат за што се работи. Од непознати причини, Девиците искрено веруваат дека сите на овој свет треба да плаќаат за нив, да им подаруваат, да ги разгалуваат и да ги „китат“, но во исто време да не се обврзани да дадат ништо за возврат. Девиците сакаат подароци, но само да ги примаат. Давањето им е непознато. Дури и за роденден или некој друг важен настан ќе дојдат со подарок, но веројатно ќе дадат некој подарок што самите го добиле, нешто што не им се допаднало. Ќе се обидат да заштедат што е можно повеќе, а притоа многу убедливо ја раскажуваат приказната дека „ти подготвиле посебен подарок“…
1-во место – РАК
Почесното прво место го заземаат Раковите. И тоа не припадниците на двата пола, туку жените Ракови. Овие дами секогаш бараат можност да заштедат, дури и кога станува збор за ситни пари. Мразат да трошат пари за храна и облека, постојано се лути поради цените во продавниците. Бараат попусти во која било продавница, речиси ништо не купуваат по полна цена. Сепак, и покрај нивната екстремна скржавост, Раковите никогаш нема да штедат на своите задоволства. Статусот им е важен и се трудат материјално да го поддржат. Но, подготвеноста да трошат пари на себе, за жал, не важи за другите. Ако треба да му помогнат на пријател или роднина, најверојатно ќе се извлечат со изговор дека се „шворц“!