Совршено и едноставно решение
Колку пати сте посегнале по лебот за да направите сендвич и сте виделе дека лебот мувлосал?
Чувањето на оваа намирница нема да биде проблем во иднина доколку примените трик кој за британските медиуми го откри експертот за потрошувачи Том Черч.
– Се што треба да направите е да ставите стап целер во вреќата со леб – вели Том.
– Лебот ќе ја впие влагата од целерот и ќе остане свеж подолго.
Черч посочува дека тоа е целер со стебленца, каков што се става во соковник за ладно цедење.
Коренот на белиот целер содржи помала количина течност, па затоа е покорисно едно стебленце од овој зеленчук да се стави во кесата со леб.