Поради товарот на бројните обврски и постојаниот стрес, сосема е нормално во одреден момент да се „прегорите“.
И затоа е важно навреме да забележите дека страдате од синдром на исцрпеност.
Има повеќе знаци дека се ближите до исцрпување и дека ќе „прегорите“ од работа и обврски, а еден од првите е чувството дека – на некој начин – се оддалечувате од сите луѓе околу вас. Синдромот на исцрпеност често е причина за напнатост што не тера да почнеме да се расправаме со луѓе повеќе од вообичаено – со пријателите или партнерот.
Друг симптом, според д-р Џулија Смит, психотерапевт, е одложувањето. Човек кој е на работ на „прегорување“ почнува да ги одложува и најмалите задачи, бидејќи и таквите ставки од дневниот список му изгледаат „како планина која треба да ја искачи“.
Третиот знак дека се исцрпени се случува кога некој ќе престане да се грижи за себе – здравата исхрана, вежбањето и спиењето веќе не му се важни – тие имаат впечаток дека нема доволно време за ниту едно од овие.
Четвртиот симптом на синдромот на исцрпеност е континуирана физичка и емоционална исцрпеност. Ако се чувствувате крајно уморни, а во исто време сте премногу напнати за дури и да заспиете до полноќ, веројатно страдате од овој синдром.
Луѓето зафатени од овој синдром покажуваат пад на креативноста и чувството за смисла во работата, често знаат да бидат цинични, повеќе немаат мотивација.
Психолозите велат дека овие чувства полека се вовлекуваат и дека овој синдром не се појавува преку ноќ. Додека стресот може да дојде ненадејно и за време на него човекот е хиперактивен, премногу зафатен и може енергично да „падне“, „прегорувањето“ на работа го прави човекот неактивен и му ја одзема мотивацијата.
Стресот го исцрпува човекот, пред се ќе ве исцрпи физички и психички на емоционален план. Психолозите понекогаш велат – стресот може да ве убие, но овој синдром ве тера да се запрашате дали воопшто вреди да се живее.
Стресот е почеток на синдромот и затоа е неопходно да се почне да се контролира веќе при стресни ситуации. Ако сè уште препознавате дека состојбата е надвор од вашите моќи, побарајте стручна помош.