Постојат природни начини како да се заштитите од комарците, но и да го СПРЕЧИТЕ ЧЕШАЊЕТО

popara29 мај, 20221min00
Screenshot_17

Почетокот на летото значи и почеток на инвазијата на комарците

 

 

Некои работи од вашето домаќинство ги привлекуваат, па најдобро би било веднаш да се заштитите од нив. Првата мерка за заштита се мрежите на прозорците кои ќе спречат влегување на комарци.

 

Меѓутоа, доколку не сте ставиле на време мрежи за комарци, сега мора да се „закрпите“, па во продолжение ви даваме неколку совети како да се одбраните од нив.

 

Јаболков оцет

 

Измешајте јаболков оцет со сечкан магдонос. Комарците бегаат од оваа мешавина како „луди“.

 

Масло од чајно дрво

 

Високо ефикасно масло против комарци. Покрај комарците, тие одбиваат мравки, вошки и многу други инсекти. Истурете 60 милилитри од ова масло во едно шише со распрскувач (200 мл) и наполнете го остатокот со дестилирана вода. Протресете добро и испрскајте ја кожата.

 

Лаванда

 

Оваа украсна и лековита билка е и најпознатиот природен лек кој се користи за борба против комарците. Наполнете стаклено шише или тегла со сува лаванда, а потоа наполнете ја со масло од соја. Оставете 40 дена на полусенчено место. По 40 дена, процедете и користете го овој многу ефикасен лек.

 

А што ако веќе ве каснал комарец?

 

Ако веќе ве каснал комарец, а тоа место ве чеша, можете да го премачкате со сок од лимон, раствор од сода бикарбона, глина, масло од црн ким, па дури и кора од банана е многу ефикасна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag